Centar.mk
БИЗНИС

Германија бележи драстичен пад на фабричките нарачки

Фабричките нарачки во Германија драстично опаднаа во февруари, според податоците објавени денеска од страна на германската Федерална служба за статистика.

Според податоците, индустриските нарачки паднаа за 4,2 отсто во февруари, откако регистрираа пад од 2,1 отсто во јануари, објави АП.

Економистот на банката ИНГ Карстен Брзески вели дека надолниот тренд во нарачките се очекувало да заврши на крајот од 2018 година, но дека „големиот пад на нови налози очигледно ги поткопува последните привремени сигнали за закрепнување на глобалната активност во првиот квартал”.

Домашните нарачки паднаа за 1,6 отсто во февруари,а странските паднаа за 6 отсто.

Од странските нарачки, оние на земјите од еврозоната паднаа за 2,9 отсто, додека нарачките од земјите надвор од блокот беа намалени за 7,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Животот стана пресметка: Колку денари остануваат откако ќе се платат основните обврски?

ДЕСК

Мицкоски со убава вест за граѓаните: Дизелот би можел да поевтини од 6 до 6,5 денари уште во понеделник

ДЕСК

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните шест недели по најавите за продолжено примирје меѓу САД и Иран

C +