Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Заев вечерва на фејсбук откри една тајна: Само неколку луѓе сметаа дека ќе стигнеме толку далеку со Ципрас

Заев денеска повторно се огласи на фејсбук.

– Кога со Алексис го започнавме тешкото патување за да го затвориме долгиот спор што го имавме, не бевме сигурни дека ќе стигнеме до овој историски момент. Пред една година, само неколку луѓе во целиот свет сметаа дека можеме да стигнеме толку далеку. Но јас знам, дека ние секогаш имавме амбиции и политичка волја да одиме уште подалеку во градењето на нашето пријателство и во отворањето на нови можности за подобри односи и посилна соработка на Република Северна Македонија и Грција. Кога ќе погледнете во иднината што се отвора пред нас, гледате отворени можности и заеднички интереси. Гледате два соседни, пријателски народи, кои ѝ покажаа на Европа и на светот дека со храбри одлуки и со желба за заедништво, тоа што до вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност, напиша премиерот Зоран Заев по средбата со Ципрас.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, студенти ќе можат да се сместуваат од октомври

ДЕСК