Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пронајдени телата на загинатите патници од авионот – Нови детали за трагедијата

Пронајдени се телата и остатоците од авионот Цесна П210Н кој доцна попладнево беше изгубен од радарскиот систем на подрачјето кај Солунска Глава.

Остатоците се пронајдени заедно со телата на сите четири патници – нема преживеани.

Според информациите се работи за четиричлено семејство од Бугарија кои биле во авионот што сообраќал од охридскиот аеродром кон Софија.

Веднаш откако од радар бил изгубен малиот авион, се ангажирале спасувачките екипи на МВР кои со хеликоптери успеале да го лоцираат местото каде што се случил падот.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +