Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев пред илјадници прилепчани – Режимот му ја одзеде на Стево победата, доста беше претседател кој прима наредби

,,Режимот му ја зема победата на Пендаровски, имаме човек едуциран за претседатаел, човек кој созреваше за да биде идниот претседател на сите граѓани”, порача премиерот Зоран Заев од Прилеп и ги повика прилепчани масовно да излезат и да гласаат на изборите на 21 април.

,,Да излеземе и да гласаме, неносењето одлуки и одмага на државата, не може после да мрчиме, не ке излеземе и ќе гласаме”, кажа Заев.

Тој го повтори ставот дека опозицијата тврди дека е за ЕУ и НАТО, а не кажува како без договорот со Грција. Се пофали дека за првпат во земјава доаѓа грчки премиер кој носи 200 бизнисмени и апелираше за солидарност и заедништво на изборите.

,,Симболот на кампањата е заедно, не може повеќе поделени. Многу се важни овие избори едноставен е изборот, не треба да се стремиме кон уназадување. Страв и е на кандидатката да ги спомне сите етнички заедници, лидерот ги заборави да ги спомне втората по големина етничка заедница… Конечно ќе имаме претседател еднаков на сите граѓани. Затоа преговаравме и за да нема калкулации после во втор круг, па да не знаат граѓаните кој и што тајно преговарал. Затоа еве го човекот, сите партии стојат зад него. Нема да му должи ништо ни на Заев, ни на градоначалникот…Ќе не` мава кога треба и ќе не` поддржува кога треба, ќе поставиме ред и поредок, затоа имаме независен кандидат. И конечно јас ќе имам претседател со кој ќе можам да работам”, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК