Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дали Силјановска е потпишана на кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија?

Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски не е искрена, не е чесна и лицемерна е кон граѓаните. Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име, прашуваат од СДСМ.

– Но да видиме видиме дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме?

Пред граѓаните Силјановска треба да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија?

Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?

Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања?

Јавноста чека одговори, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +