12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги!

Социјалдемократите му го честитаа први април, како денот на Мицкоски и неговите лаги.

Денешниот ден е на Христијан Мицкоски и неговите лаги, порачуваат од СДСМ.

– Во отсуство на програма, план, идеја и визија, Христијан Мицкоски своето делување го сведе на лажни вести, деструкции и блокади на иднината на државата и граѓаните.

Во морето на невистини и лаги пласирани од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да се издвојат:

Мицкоски лажеше дека не бил асистент кај неговиот татко-професор, се потврди сосема спротивното.

Христијан Мицкоски излажа дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски, инаку негов ментор. Се потврди дека ангажманот како советник на Никола Груевски, ги чинел граѓаните околу 2 милиони денари.

Мицкоски лажеше и за бизносот со хидроцентралите и земјиштето што го добил од владата на Никола Груевски, токму во времето кога му бил советник на Груевски.

Помеѓу последните е лагата на Мицкоски дека неговата партија поднела амандмани до Министерството за правда во хартиена форма, што се покажа дека е целосна невистина.

Тоа е Христијан Мицкоски, лаги, деструкции и ништо друго.

Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги, велат од СДСМ.