Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Социјалдемократите вечерва “распалија” по Мицкоски: Дали Мицкоски од Груевски добил нови насоки за деструктивно делување преку кое ќе се обидува да ги блокира реформите, а со тоа иднината на државата?

– Дали транзитно, дали на пропатување до Виена или не, ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски, на ден пред почетокот на предизборната кампања бил во Будимпешта, велат од СДСМ во вечерашното жестоко соопштение до ВМРО ДПМНЕ, откако Centar.mk денеска објави дека Мицкоски е виден во Будимпешта, а ВМРО ДПМНЕ потврди.

-Дали посетата на Мицкоски на Будимпешта била со цел да се сретне со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски?

Дали во очи на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?

Дали Мицкоски од Груевски добил нови насоки за деструктивно делување преку кое ќе се обидува да ги блокира реформите, а со тоа иднината на државата?

Мицкоски да не се крие зад параниочни соопштенија на неговата партија, туку да излезе пред граѓаните и да одговори., велат од владејачката СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК