23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пожарникарните возила веќе се на терен: Вечерва голем пожар во близина на Битола

Голем пожар попладнево го зафати Потпелситерието, лоциран во атарот на селото Ротино. Екипите на Територијалната противпожарна единица од Битола веднаш се упатија на терен, но поради засилениот ветер, пожарот бргу се прошируваше и претставуваше опасност да ја зафати моликовата шума. Имајќи ги во предвид околностите дека се работи за тешко пристапен терен и покрај ангажираноста на противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК, локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко.

Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Битола одржа состанок под раководство на градоначалничката Наташа Петровска и донесен е едногласен заклучок дека е потребно ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух.

Во моментов на терен пожарот го гаснат екипи на ТППЕ, едно противпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население.

Од ТППЕ Битола информираат дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите на терен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје.

Спонзорирано: