24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мојсовски од трибината Агенда Спорт 20-24: Го враќаме спортот на спортистите, имаме тим на европски шампиони и истакнати спортисти и програма која е заснована на потребите и предизвиците во спортот

Огромна чест и задоволство ми е да Ве видам во толкав број и да Ви се обратам како претседател на Комисијата за спорт на СДСМ што заедно ја пишуваме програмата за следниот мандат. Тука сме да го слушаме гласот на спортистите и спортските работници. Креираме програма за наредните 4 години исклучиво во интерес на спортистите и граѓаните , рече претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски на почеток на тематската трибина Агенда Спорт 20-24.

Мојсоски истакна дека тимот на СДСМ вклучи истакнати спортисти кои имаат искуство и изворно ги познаваат сите предизвици со кои се соочува спортот.

-Се формираше Комисија за спорт на СДСМ од спортисти кои ги знаат потребите и предизвиците во спортот и се посветивме да креираме и имплементираме вистински мерки.

Овој тим на искусни спортисти знае како се работи на полето на спортот. Заедно со мене во тимот се европски шампиони како Андријана Будимир, Владо Недановски, кошаркарската легенда Тодор Гечевски и многу други истакнати спортисти. Го враќаме спортот на спортистите. Заедно со граѓаните, со спортските работници, спортисти, создаваме програма заснована на потребите на спортот и спортистите, рече Мојсовски.

Тематската трибина Агенда Спорт 20-24 е дел од серијалот на повеќе програмски трибини на СДСМ, консултации со стручната јавност, граѓаните, невладините организации, за новата програма на партијата за новиот 4 годишен мандат.