Вчера, во 15.30 часот, на улицата Филип Втори Македонски во Скопје, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А. Џ. (42) од Скопје, удрил во четиригодишно дете пешак од Словенија.
Во незгодата детето добило тешки телесни повреди по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје, соопшти МВР./Makfax