24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Растот на просечната плата од 3,7 отсто во октомври потврдува дека успешните економски мерки даваат резултат, велат од СДСМ

-Успешните економски политики на СДСМ даваат реални и видливи резултати.Факт е дека платите се зголемуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври годинава изнесува 25.726 денари, што е за 3,7 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година. За последниве 2 години и 5 месеци просечната нето плата е зголемена за 2.837 денари. За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари, соопшти денеска СДСМ.

-Со новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за оние кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари, како и со предвиденото покачување на платите во образованието и здравството, очекувано е просечната плата да продолжи да расте. Целиме кон зголемување на просечната плата на 30.000 денари и тоа ќе се оствари. Ова го ветивме на почетокот на нашиот мандат, кој се скрати поради предвремените избори. Сепак, за 2,5 години направивме сериозен исчекор за зголемување на просечната плата на 500 евра. И така ќе продолжиме по 12 април, се вели во соопштението.