Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Исплатени 222 милиони денари за субвенции на произведено и предадено млеко

Исплатени се 222 милиони денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, млеко предадено на преработувачки капацитет во периодот од мај до септември минатата година.

Средствата се исплатени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во еден ден, без селекција на сметките на 7.877 фармери, кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка.

Како што информираат од Агенцијата, со оваа исплата се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година.

Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година се исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар.

Можеби ќе ве интересира

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7% во споредба со лани

ДЕСК

УЈП ја започнува третата фаза од проектот е-Фактура!

ДЕСК