22. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Австријците ќе потрошат дури две милијарди евра за Божик

Трката за божикни подароци е во тек, а се проценува дека Австријците ќе потрошат рекордни две милијарди евра на Божик оваа година.

Процената на Здружението на мали и средни претпријатија (КМУ Австрија) поаѓа од тоа дека годинашното трошење ќе биде поголемо 1,5 отсто во однос на лани.

Така, се очекува за божикни подароци да бидат потрошени 1,66 милијарда евра, а вклучувајќи го и трошењето на божикните пазари, Австријците ќе потрошат вкупно 2 милијарди евра за божикните празници оваа година.

Оваа година Австријците почнаа да купуваат божикни подароци многу порано, веќе првата сабота од декември./Makfax