7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина академик Ѓорѓи Филиповски

На 100-годиншна возраст почина академик Ѓорѓи Филиповски. Тој беше еден од основачите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Утре во 11 часот во МАНУ ќе биде одржана комеморација, а погребот ќе биде во 13 часот.

Академик Филиповски заедно со академиците Блаже Конески и Харалампие Поленаковиќ беа тројцата членови на првата Комисија задолжена за формирање на МАНУ – институција која е основана на 23 февруари 1967 година, кога прв претседател беше Конески.

Филиповски е основоположник на современите педолошки истражувања во земјава, а неговите најзначајни активности од научната дејност се во насока на почетоците на формирањето на првите високообразовни институции како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделско – шумарскиот факултет и МАНУ.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК