8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Љупчо Николовски за Сител: Режим никогаш повеќе На 12 април СДСМ е победник

СДСМ има огромни успеси зад себе. За 2.5 години направивме многу повеќе отколку во изминатите 11. Од “заробена држава” за време на режимот, сега сме светол пример. Слободна, економски напредна земја, членка на НАТО, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервјуто за Сител телевизија.

– Клучниот концепт, парите назад кај граѓаните го остваривме целосно, вели Николовски.

Над 55% од мерките во програмата се веќе реализирани и покрај сите блокади од опозицијата.

Работиме на новата програма, СДСМ има нов концепт, нова понуда за граѓаните, порача Николовски.

Во петок, на 27 ми декември, Николовски најави дека на седница на ЦО ќе бидат утврдени кандидатите на СДСМ во техничката Влада задолжена за реализација на изборите.

Режим никогаш повеќе На 12 април СДСМ е победник, дециден е генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

 

Можеби ќе ве интересира

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК

Авион веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром се судрил со јато птици по што се вратил и безбедно слетал

ДЕСК

Жената го прободе сопругот, а тој претходно ја фатил за врат – драматична ноќ во Македонија

ДЕСК