Еден од многуте жртви на режимот на Никола Груевкси и ВМРО ДПМНЕ беше Велија Рамковски, сопственик на најгледаната телевизија А1.
Тој на денешната панел дискусија со наслов Жртви на режимот, во организација ан Цивил, на граѓаните им раскажа со каков хорор се соочувал тој и неговото семејство, откако почнале притисоците од страна на режимот.
„Недоразбирањата со Груевски кулминираа во август во 2010 година по што цела фамилија бевме уапсени. Ме пикнаа во Шутка каде борбата да останете живи е тешка. Не можев да дишам, секој ден ме претресуваа и малтретираа со цинизам. Само гробот е полош од затвор. Ниту еднаш во 28. месеци додека бев „внатре“ не ја видов ќерка ми Емел. Затоа се радував на рочиштата, бидејќи единствено таму можев да ја сретнам. Но, издржавме“, вели Рамковски.
Потоа се осврна и на релациите со поранешниот премиер, Никола Груевски.
„Се јавуваше секој ден по вестите. Не беше задоволен од работата на новинарите во телевизијата. Неколкупати имавме судири, а во една прилика ми рече „Луѓето умираат, спомениците остануваат“. Да бидам искрен, помалку сум исплашен, а треба да бидеме сите оти груевизмот е сè уште силен и присутен длабоко во инситуциите“, додаде Рамковски.
Рамковски беше сопственик на А1 телевизија која насилно беше затворена од страна на диктаторскиот режим во 2010-тата година, заедно со уште трите весника Време, Шпиц и Кохаере.
Целокупниот настан е објавен на Јутјуб каналот на интернет страницата на Civil и можете да го проследите во прилог: