21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Разрешена директорката на гимназијата Никола Карев – Скопје

Градоначалникот Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, а по објавената снимка каде г-ѓа Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците, воколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест.

Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно.

Токму заради иднината на нашите млади, соопшти градоначалникот на Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Четврток е неработен – а веќе следниот месец имаме и продолжен викенд: Ова се сите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

C +