Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Голема промена на времето: Подгответе се за обилни врнежи од дожд

Утре ќе се задржи претежно облачно време, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.

Прогноза за 20.12.2019
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°С до 15°C
Променливо облачно, од раните утрински до пладневните часови со локален дожд, Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 21.12.2019
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 15°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 22.12.2019
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Прeтежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

ДЕСК

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК