Во наредните два дена времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон среда врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на повисоките места. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), особено во западните и југоисточните делови, се вели во метео предупредувањето на УХМР
Прогноза за 11.12.2019
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 3°С до 9°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен северен ветер.
Прогноза за 12.12.2019
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно, кон крајот на денот со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 13.12.2019
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, особено во западните делови, а на планините од снег.