„СДСМ и министерот за внатрешни Спасовски се вплеткаа во сопствената мрежа и лицемерие.Вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски изјави дека влегол во компании поради долг на ВМРО-ДПМНЕ, кој цитирам: ‘согласно Изборниот законик не смеел да остане и сите обврски требало да се затворат од оваа сметка’.
Прво го повикуваме јавно да го цитира членот од законот кој санкционира постоење на долг, бидејќи таков член не постои, и во однос на ВМРО-ДПМНЕ се е кристално јасно и согласно закон.Доколку Спасовски и натаму стои на таквото мислење, тогаш веднаш го повикуваме да влезе во испитување на долгот на СДСМ, бидејќи согласно извештајот од претседателските избори тие должат 2,5 милиони денари“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку Спасовски смета дека има нешто незаконски го повикуваме партискиот војник Оливер Спасовски да влезе и да го провери долгот на неговите владини коалициони партнери ДУИ, и коалицијата на Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошковски, бидејќи согласно извештаите од изборите 2016-та година ДУИ должела 2 милиони 300 илјади денари, а коалиционите партнери на Заев, Љубчо, Љубе и Стојанче над 3 милиони и 100 илјади денари.
Го повикуваме Спасовски да ги провери фирмите кон кои должи СДСМ и кон кои должат неговите коалициони партнери, и дали тоа не е извор на корупција.Вистината е дека Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ од изборите оваа година“, додаде тој.
Во врска со синоќешниот извештај на Венецијанската комисија дека треба да се преиспита Законот за употреба на јазици, Столковски рече:
„Венецијанската комисија и нивните ставови апсолутно се нешто што треба да се дел од законодавството во една држава аспирант за членство во ЕУ и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите. Само за една споредба ете Бугарија која е членка на ЕУ ги почитува во однос на нивниот проблем во однос на јавниот обвинител го почитува ставот на Венецијанската комисија.
Што се однесува до Македонија, апсолутно ставот на Венецијанската комисија е важен затоа и се испраќа законскиот текст, претежно се испраќаат како предлог законски текст, а потоа се носат закони, а не како што беше во случајот со овој договор на СДСМ и ДУИ да биде донесен законот, а како велеа понатаму ќе ги имплементираат забелешките од Венецијанската комисија. Овој извештај од Венецијанската комисија го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го кажуваше, а тоа е дека вакво законско решение го оптоварува општеството го оптоварува движењето на документи особено во судскиот дел и да биде уште појасно го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека е за употреба на јазиците но тоа да биде согласно законските норми и она што треба да биде олеснување во комуникацијата низ институциите. Така што тоа што треба да се направи е да се испочитува ставот на Венецијанската комисија гледаме дека тоа предизвикува нетрпеливост внатре во владината коалиција“, додаде тој.