9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски прими делегација на Комората на медијаторите на Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски прими делегација на Комората на медијаторите на Република Северна Македонија, предводена од нејзиниот претседател Славе Младеновски.

Младеновски информира за конкретните активности на Комората и на медијаторите, кои се вистинско место за заштита на интересите на граѓаните. Комората постои две години, а Северна Македонија е на прво место во регионот по бројот на спорови решени во доверлива и економична постапка. Поголем број спорови решени по пат на медијација носат економичност, ефикасност и брзина во решавање на споровите, заштеда во буџетот на граѓаните и на државата и намалување на степенот на конфликтност во општеството.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на медијаторите како носители на демократско право за пристап до правдата надвор од судовите, притоа обезбедувајќи примена на начелото на владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите и почитување на европските стандарди во примената на медијацијата во државата.

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК