11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Села: Ратификувањето на протоколот за НАТО да се одржи на 11 декември

Ратификувањето на протоколот за членство во НАТО да се одржи на пленарната сесија на 11 декември за тој да не се искористи како причина за одложување на предвремените парламентарни избори, побара лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес-конференција.

„Денес е погоден момент да поднесеме барање до Владата и до сите политички партии дека поддржувањето ваква иницијатива нема да биде првпат затоа што има и преседани. Исто така, имало слични случаи кога не гласале сите земји, како што е случајот со Црна Гора, кога Собранието гласаше за протоколот пред тоа да се случи од сите земји членки на НАТО, така што тоа е доволна причина за нас да гласаме“, рече Села.

Тој, меѓу другото, истакна дека покрај случајот со Црна Гора, имаме и внатрешен преседан, спомнувајќи го случајот со ратификувањето на преспанскиот договор пред тој да биде ратификуван во Грција. Села исто така истакна дека овој момент не треба да се искористи како причина за одложување на изборите и затоа ги повика сите политички партии да ја поддржат ваквата иницијатива.

Спонзорирано: