24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Британски ветеринари: Поради килиматските промени, коњите се сѐ потешки

Коњите стануваат сè потешки поради климатските промени, тврди Жил Мофат, шеф на ветеринарната служба Сидаун во британскиот Хајт и објаснува дека тоа се должи на потоплата и влажна клима што е подобна за раст на трева во изобилство, што, пак, им овозможува на овие животни да ја консумираат во поголеми количини отколку што им е оптимално потребно.

Ветеринарот за „Дејли телеграф“ изјавил дека меѓу животните кои ги лекува има сè повеќе коњи кои страдаат од прекумерна тежина поради споменатиот проблем.

Тој додава дека проблемот е делумно одраз и на социо-економскиот притисок.

„Поточно, сопствениците на коњи работат подолго и им е потешко да ги тренираат коњите редовно. Во исто време, потоплата и влажна клима значи повеќе трева. Тешко е за сопствениците да ја мерат количината и квалитетот на храната што е потребна кога станува збор за тежината на нивните миленици“, вели Мофат.

Тврдењата на Мофат следат откако британското здружение на ветеринари (БЕВА) откри дека 31% од 792 прегледани животни се соочуваат со прекумерна тежина.

Ветеринарите, исто така, причината за проблемот ја гледаат во недостиг на штали и огради за коњи.

Дејвид Рендл, ветеринар од БЕВА, вели дека дури 50 проценти од коњите во Велика Британија се со прекумерна тежина.