23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кој беше Жарко Луковски?

Попладнево починал поранешниот директор на Т-мобиле, Жарко Луковски.

Жарко Луковски беше дипломиран електротехнички инжињер кој своето образование го завршил во Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Електро-техничкиот факултет, во насока информатичка технологија.

Од поважните работни позиции, може да се спомене дека Луковски од 2003 до 2006 беше претседател на Управниот одбор на Мобико.

Од 2006-та, со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт, Луковски се здоби со членство во Надзорниот одбор на МЕПСО, а истовремено ја започна и кариерата во Македонски Телеком каде беше претседател на ОД и неизвршен член на ОД.

Луковски во Т-мобиле беше и главен оперативен директор во периодот од 2007 година.

До пред извесно време беше главен извршен директор на Т-мобиле Македонија, функција која ја превзеде во 2010 година.

Луковски беше многу блиска личност до врвот на ВМРО ДПМНЕ. Негов кум беше Сашо Мијалков.

Името на Луковски беше спомнато и во случајот “Рекет” во разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, а на снимката се слуша како Бојан Јовановски во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.

СЈО во октомври лани му отвори истрага под кодно име „Базни станици“.

Тој беше осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, на штета на акционерите на „Т-мобиле“ и државата.

Жарко Луковски починал на 57 годишна возраст.