Centar.mk
ЛОКАЛНО

Расчистена најголемата дива депонија во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ја исчисти најголемата дива депонија на својата територија, лоцирана на улицата Новопроектирана број 13, за која имало реакции и од страна на граѓаните.

Во должина од 1000ина метри и ширина од 5 метри работниците на Општината, заедно со своите колеги од Комуналното претпријатие, рачно и со помош на механизација собрале вкупно 300 кубни метри отпад, информираат општинските власти.

Од таму додаваат дека локалната самоуправа и во следниот период ќе продолжи со активности за чистење на депониите и каналите и апелираат граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Карпош е пример за современа општина во која граѓаните учествуваат во креирање на локалните политики

ДЕСК

Странски и домашни експерти работат на физибилити студијата за гондола на “Пелистер”

ДЕСК

Перински: Еднаква поддршка за сите – урбаните општини имаат целосен пристап до услугите на Ресурсниот центар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.