Прес конференција, Иван Трпески, член на Комисија за енергетика на СДСМ – интегрален текст:
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Дури и ВМРО-ДПМНЕ денеска потврди дека Христијан Мицкоски е најнеспособниот директор на ЕСМ (ЕЛЕМ).
Лагите на Мицкоски за полето на енергетика се разбиени и тоа е поткрепено со факти:
Факт 1:
Во 2006 година еден киловат час електрична енергија домаќинствата ги чинел 2,37 денари, додека во 2016 година цената е убедливо највисока и изнесува 4,28 денари, а во 2017 е незначително пониска – 4,27 денари. Тоа значи дела граѓаните плаќале најскапа струја токму во времето на
Мицкоски. Во 2018 година цената е намалена на 4,08 денари и останува стабилна и во 2019 година.
Граѓаните го гледаат и чувствуваат ова на своите сметки, а не „фактите“ на Мицкоски.
Факт 2:
Мицкоски вели дека оставил банкарски депозити од 1,5 милијарда денари и 300 милиони денари на сметката на АД ЕСМ. Зошто не кажува дека оставил и склучени договори и тендерски постапки во тек, во висина од неверојатни 94 милиони евра за изградба на Рајски градини, барокни згради и фасади, катни гаражи, конгресни центри, тениски игралишта и слични фантазии.
Мицковски, е единствениот директор во историјата на ЕСМ, во чие време ниту се градел, ниту бил во тендерска постапка барем еден енергетски капацитет.
Денеска, ЕСМ има на сметките преку 80 милиони евра, пари со кои се гради чиста и сигурна иднина на Северна Македонија, а не нечија фантазија.
Факт 3:
АД ЕСМ редовно исплаќа К15 и тоа во висина од 100% од просечната плата, а не 60% како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Факт 4:
Дури и во „фактите“, изнесени од Мицковски, јасно се гледа, дека производството на ЕЛЕМ драматично паѓа од 2013 година па наваму. Убедливо, најмало производство на струја ЕСМ оствариле токму во 2017 година. Во 2018 година производството е зголемено за 45 GWh, а нагорниот тренд продолжува и во 2019.
Факт 5:
Во текот на 2018 и 2019 година, ЕСМ не набави ниту еден мегават час електрична енергија, а на слободниот пазар продаде вишоци, во вредност од 40 милиони евра.
Мицкоски да објасни зошто, на 27 декември 2016 година, побарал од Регулаторната комисија за енергетика да го одземе правото ЕВН да увезува електрична енергија и пред Нова година, без никаква транспарентност, за тоа да го задолжи ЕЛЕМ ?
Да објасни и зошто веднаш потоа, во јануари 2017 година, ЕЛЕМ набавил електрична енергија за 6,5 милиони евра, по цена, која е повеќе од два пати повисока од цената по која МЕПСО купувал струја во истиот период?
Ова се фактите кои го потврдуваат расипничкиот и неодговорен однос на Мицкоски и ги демантираат сите негови лаги.
Сите факти говорат дека реформите на СДСМ во енергетиката се шампионски и се на прав пат, колку и тоа да е несфатливо и неприфатливо за Мицкоски.