17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дејан Лутовски за Апасиев: Покрај платата на Универзитетот тој си кркаше и хонорарче од СЈО

Дејан Лутовски на Фејсбук објави сведоштво околу функционирањето на партијата Левица во 2016 година:

– 2016 година имавме пракса на собирање членарини и донации од симпатизери. Така тогашната Левица опстојуваше.

Сме имале расправии околу важноста на членарините и концептот на независно финансирање (независно од центри на моќ) и колку е тоа важно за градењето на една социјалистичка партија.

Тогаш лицето Димитар Апасиев кукаше дека нема пари да плаќа членарина, иако неговиот приход беше еден од најголемите од тогашните членови на Централниот Комитет. Се жалеше дека имал трошоци, во ситуација кога најголем дел од нас работеа за минимална плата или просечна во најдобар случај, а дел беа невработени/студенти и хонорарци без стабилни примања. Безобразие до даска.

Покрај платата на Универзитетот (која за наши услови не е мала) тој си кркаше и хонорарче од СЈО, кое сега му е толку омразено. Толку од митот за „Робеспјер Неподмитливиот“ – сведочи Дејан Лутовски.

Спонзорирано: