Тешко повреден пешак вчера бил итно пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ кога во него удрил автобус на улицата Благоја Стевковски во Скопје.
Пешакот Г. Г. (63) од Скопје, по незгодата, бил пренесен во болница за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје./Makfax