Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев вечерва во Сараево ќе ја прими меѓународната награда „Иса Бег Исаковиќ“

Претседателот на Владата, Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академија што ќе се одржи вечерва во Народниот театар во Сараево, а на којашто е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исаковиќ“.

Премиерот Заев во Сараево оди со потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието, Ферид Мухиќ и заменикот министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.

Свечената академија ја организира Здружението „Клепсидра“ во кое што членуваат еминентни претставници на академската заедница во БИХ.

На Свечената академија ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

На настанот е најавено присуство на бројни гости од земјата и пошироко, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БИХ.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +