9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Западен Балкан очекува полноправно членство во ЕУ

Нашата земја се наоѓа пред нов предизвик да се приспособи на предизвиците со кои се соочува Унијата, како и конструктивно да пристапи кон потребата на ЕУ за реформа на процесот на проширување, порача заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во своето обраќање на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, на која се разговараше за најавениот нов пристап кон проширувањето на ЕУ, како и за предизвиците од него.

„Денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции претставува вистинска платформа за разговор на која можеме да направивме пресек на севкупниот процес на европски интеграции по октомвриските самити во пресрет на новиот документ изготвен од Франција, нон пејперот за реформа на методологијата, кој претставува добра основа за враќање на европските интеграции на вистинскиот колосек“, истакна Османи.

„Самата содржина на иницијативата, но и брзината со која Франција излезе со оваа иницијатива, на само еден месец од октомвриските самити, ја покажува активната улога не оставајќи процесот на реформи непотребно да се одложува, доказ дека без разлика на променетата методологија, земјите од Западен Балкан на крајот ги очекува полноправно членство во ЕУ, а воедно и најважното – можност за директна вклученост како засегната страна да учествуваме со наши коментари, видувања, забелешки по документот“, додаде Османи.

Во овој контекст тој нагласи дека во периодот кој е пред нас, односно преку процесот на усогласување кој следува, секако ќе треба да се додефинираат и допрецизираат некои аспекти на овој документ, кои ќе претставуваат важни одредници за тоа како ќе се одвива процесот на преговори во иднина, како и можност низ еден инклузивен процес како земја да дадеме што е можно поквалитетен и попрецизен придонес во рамките на оваа иницијатива, со цел во соодветно време да добиеме нова и квалитетна Методологија, која навистина ќе претставува бенефит за нас како земји што преговараат, бенефит што ќе се одрази на поквалитетно усогласување со европските правила и стандарди, бенефит што ќе значи економски, општествен и цивилизациски напредок за сите граѓани.

Спонзорирано: