Денес по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во јужните подрачја повремен локален дожд, кој во текот на ноќта ќе се прошири и во западните делови.
Утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2).
Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно со благ пораст на дневната тампература.
Прогноза за 27.11.2019
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 12°С до 17°C
Претпладне по одделни котлини магливо, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Прогноза за 28.11.2019
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини магливо. Попладне во западните делови ќе има локален дожд.
Прогноза за 29.11.2019
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.