Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Денеска во Палата Србија во Белград претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок меѓу делегациите на Република Северна Македонија и на Република Србија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, и со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ. Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж, и стопанственици од Република Србија.

В сабота, 23 ноември 2019 година, претседателот Пендаровски во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.