23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Постигнат договор со кофинансираните специјализанти, решение и за приватните специјализанти

Фејсбук статус на министерот за здравство Венко Филипче:

✅ Приватните специјализанти доктори на медицина од конкурсот 2019 година ќе бидат платени за работата од месец февруари 2020 година. Ги изедначуваме со статусот на нивните колеги кои за првпат добија надоместок за својата работа во 2018 година;

✅ Постигнавме договор и со кофинансираните специјализанти. Пристапуваме кон измена во Законот за здравствена заштита согласно нивните барања. Со ова, го подобруваме нивниот статус и мотивација за натамошната работа.