Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, соопшти УХМР.
Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, на места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Во југоисточните делови од земјава се очекува да наврнат над 35 л/м2 воден талог. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервалот од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.