11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ангеловска: Преку национална стратегија ќе ги подобруваме условите за живот на младите во земјава

Преку Национална стратегија за развој на човечки капитал и низа мерки ќе се работи на долгорочно подобрување на искористувањето на човечкиот потенцијал, како и на задржување на младите во земјава. Преку континуирано вложување во здравството, образованието и социјалната грижа и мерки како дуалното образование ќе се подобруваат продуктивноста и респонзивноста на младите на пазарот на труд. Ова го посочи министерката за финансии, Нина Ангеловска, на дебата за буџетот за 2020 година на Македонската телевизија, заедно со премиерот Зоран Заев и уредниците на националните телевизии.

Ангеловска рече дека индексот на човечки капитал на Светска банка покажува дека денешните деца, согласно условите кои ги добиваат во земјава, во иднина ќе испорачаат само 53% од својата продуктивност. Министерката за финансии посочи дека ова е нешто на што треба да се работи долгорочно за да се смени, а за да се направи тоа, треба да се почне уште денес.

„Потребни се вложувања во здравството, образованието и социјалната грижа, што е и фокусот во буџетот за 2020 година. Со креирање на Национална стратегија за човечки капитал ќе имаме таргет во следните неколку години да го кренеме овој индекс. Тоа е еден сериозен чекор на национално ниво за да мапираме и видиме што понатаму“, рече Ангеловска.

Таа посочи дека со повеќе мерки се таргетираат младите. Ја посочи важноста на дуалното образование, односно практиканството, преку кое младите стекнуваат вештини кои ќе им овозможат побрзо да одговорат на потребите на пазарот на труд. Таа истакна дека ако има отворени 160 илјади работни места, а има голема невработеност кај младите, тоа покажува дека понудата не одговара на побарувачката на вештини на пазарот на труд.

Спонзорирано: