Опозициската ВМРО ДПМНЕ должи над 400.000 евра.
Овој податок излезе во извештајот кој го објави Државниот Завод за Ревизија.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ со долг од речиси 400.000 евра ја затворила сметката по претседателските избори кои се оддржаа лани, а на кои доживеа катастрофален пораз.
Ништо не ќе беше чудно, само доколку изборниот Законик не велеше дека сите политички партии пред изборите отвораат специјално наменети сметки за тој изборен циклус, а тие мора да бидат затворени на салдо нула.
Сите трошоци за Претседателските избори, требало да бидат покриени од таа сметка, но на крај излегло дека ВМРО ДПМНЕ е борџлија од над 400.000 евра бидејќи не ги платила сите фактури за услугите кои ги користела за кампањата.
Според изборниот законик јасно е наведено дека сите парични средства за финансирање на изборната кампањата треба да бидат уплатени на наменската транскакциска сметка на партијата и сите трошоци мора да се покријат само од таа сметка.
Најмногу пари ВМРО ДПМНЕ должи кон компанијата Полиестердеј која била ангажирана за печатење на маички за кампањата за претседателските избори. На оваа компанија најбогатата партија во Македонија и’ должи над 350 илјади евра.
ВМРО ДПМНЕ беше прогласена за една од најбогатите партии во Европа, со имот од над 60 милиони евра. За политичката партија се водат повеќе истраги од страна на СЈО, а врвни некогашни и сегашни функционери на опозициската ВМРО ДПМНЕ се сомничат за изборни измами и нелегално финансирање и тн.
Особено интересен е случајот Талир на СЈО, каде што високи функционери на таа партија се осомничени за нелегално финансирање.
ЈАВНОТО ОБИВНИТЕЛСТВО ВЕДНАШ ДА РЕАГИРА
Според познавачите на оваа тематика за ова треба да реагира Јавното Обвинителство и да поведе истрага за тоа дали опозициската партија ВМРО ДПМНЕ го прекршила Законот, а исто така и Заводот за Ревизија да поведе постапка.
/Ј.С./