Ги гледаме ВМРО-ДПМНЕ овие денови, го покажуваат нивното вистинско лице, тие се против минималната плата, против тоа платите да растат, против решение за стечајците, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанска трибина во Велес, зборувајќи за деструктивното однесување на опозцијата на штета на граѓаните.
-Против минималната плата се еј. Зошто? Кој е аргументот. Законот не е за СДСМ, за сите граѓани е, парите одат кај граѓаните. Законот за покачување на платите се исто така за сите граѓани а они и за тоа се против. ВМРО-ДПМНЕ е против се. Тие се против Преспанскиот договор, против Бугарија, против ЕУ. Дури и Макрон призна дека сме исполниле се’ само Мицкоски е среќен. Зошто? За пуста власт. Но, нема враќање на власт се додека не се променат, се додека не го сакаат овој народ, се додека не работат за овој народ. Нашиот народ знае какви се, рече претседателот Заев.
Претседателот Заев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не се огради од Никола Груевски и не сакаат ниту чекор да направат кон прогресивноста.
-Ај што не се оградија од Груевски и бандата не сакаат ни чекор да направат кон прогресивноста, кон она што оди целиот свет. Во 21 век уште национализам? Уште кавги со Бугарија и Грција додека светот оди напред? Тоа не е иднината за нашиот народ, додаде Заев.
Предупредувајќи за ретроградните политики кои ги промовира ВМРО-ДПМНЕ и Христија Мицкоски, претседателот Заев рече дека враќањето назад и поништувањето на политиките кои носат напредок и повеќе пари кај граѓаните се на дирекна штета на граѓаните.
-Ако Мицкоски имал дво третинско мнозинство ќе се врател назад, ќе поништел се. Очигледно ќе поништи минималната плата, ќе ја врати радиодифузната такса, ќе ја поништо ефтината тарифа на струјата, веројатно ќе ги поништи и сите овие одлуки за покачување на плати и пензии, за градење на 600 километри патишта, ќе ја поништи газификацијата. Такво време, такво враќање назад не му треба на никој во државата. Затоа Мицкоски прво нека се промена па нека излезе на мегдан пред граѓаните, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.