23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Балашевиќ доживеа инфаркт, примен е во болница

Легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт, објавија српските медиуми, поради што е откажан концертот во Крагуевац што беше закажан за вечерва.

Пејачот моментално е во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде е хоспитализиран и вградени му се стентови.

Според неколку српски медиуми, Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.

На социјалните мрежи се огласи неговата ќерка Беба, која им се извини на фановите кои со радост го чекале вечерашниот концерт во Крагуевац.

„Животот понекогаш прави планови без нас и смета дека ќе имаме разбирање, а што друго ни останува… Здравјето во секој случај е најважно и тешко е да се додаде што било друго… Џоле рече ако треба ќе донесе лекарско уверение, а јас се сомневам дека ќе му побарате… За некој ден ќе биде сосема ок, па продолжуваме… Ве молам за разбирање и трпение, точниот датум за новиот концерт ќе го објавиме за неколку дена, кога сѐ ќе си дојде на свое“, порача таа.

Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 во Нови Сад, СФРЈ (денес Србија). Досега има издадено 14 албуми. Има глумено во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката. Живее и работи во Нови Сад.