Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, му возврати на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на неговата денешна изјава:
Барам од Дарко Костовски, само да ги спореди нивните 20 години владеење со Бутел и моите 2 години. Ви го разбирам револтот, но не можам да дозволам Бутел да продолжи да назадува како што беше во вашето време. Пред фактите и Боговите молчат, ама и душманите спобудалуваат. А, во меѓувреме јас ќе продолжам да работам за ИДНИНАТА НА БУТЕЛ со факти:
Факт број 1: Општина Бутел за изминативе 2 години има зголемување на приходот за 32% споредбено .
Факт број 2: Реконструирани се повеќе 20 улици, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 14.000 квадратни метри.
Факт број 3: е Реконструкција и проширување на патот од Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км во вредност од 12.965,528,00 денари средства финансирани од буџетот на општина Бутел
Факт број 4: Завршено е уредување, заштита и регулација на оштетениот дел од речното корито на река Серава во должина од 170м1, при што се оформи каскадниот праг со вградување на бетон во површина од 21.305 м3 и вкупен износ од 6.846.991,00 ден средства исто така обезбедени од општинскиот буџет.
Факт број 5: Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации во сите детските градинки на територија на општина Бутел во износ од 16.200.000,00 денари
Факт број 6: Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации на сите седум основните училишта се во износ од 33.625.020,00денари.
Факт број 7: Изградена е нова инсталација за осветлување на 19 локации во должина од 3.382 м со вкупна вредност од 17.693.808,00денари. Пред две години општината беше во целосен мрак.
Факт број 8: Општина Бутел направи набавка од 8.963.966,00 средства одвоени од буџетот на општината за набавка н механизација, кој за жал во ваше време немавте ниту метли за вработените кој работат на одржуавње на хигиената.
Факт број 9: Поставена е комплетна водоводна мрежа во должина од 7.335 м1 со вредност од 114.313.000,00 денари во индустриската зона Визбегово.
Факт број 10: Во завршна фаза е реализацијата на 2 ( два) крака од фекална канализација од 5285м со проценета вредност од 150.000.000,00 денари
Факт број 11: Проширен е булеварот Христијан Тодоровски Карпош и изградена е атмосферска, фекална и водоводна мрежа со целосна подземна инсталација и преместување на постоечкаинсталација од гасовод
Факт број 12: Изградена е атмосферска канализација од улица Бутелска до булевар Христијан Тодоровски- Карпош
Факт број 13: Поврзан е булеварот Христијан Тодоровски – Карпош од крстосницата со улицата,,Натанаил Кучевишки,, до обиколницата.
Факт број 14: Во фаза на изградбата е новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ чиј проект ќе ја поврзе со булевар Словенија и булевар Христијан Тодоровски Карпош.
Ветивме подобра иднина за граѓаните и тоа ќе го остварам. Му предлагам на Дарко Костовски убаво да ги прочита реализираните проекти за изминатиов период и барам само едно, да биде искрен пред себе, не мора пред јавноста, возврати Смилевски.