24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Кинезите веќе почнаа да работат на 6Г интернет мрежа

Иако сè уште е неизвесно кога 5Г мрежата ќе биде достапна низ целиот свет, Пекинг веќе ги објави плановите за развој на 6Г технологија со надеж дека ќе ја зацврсти својата доминација во безжичните врски ширум светот.

Кинеското Министерство за наука и технологија формираше два тима за развој на мрежата 6Г. Првата група поврзува неколку владини агенции, додека втората обединува повеќе од 30 експерти од различни универзитети, истражувачки центри и корпорации.

Говорејќи на првата средба за развој на 6Г мрежата, вицепремиерот Ванг Си забележа дека актуелното глобално знаење останува во фаза на истражување и дека точната патека до мрежата 6Г сè уште не е јасна, јавија светските медиуми.

Сепак, Пекинг е решен да победи во трката за доминација во безжичната технологија и планира да претстави детален план за развој на мрежата 6Г.

Кинеските компании беа во жестока конкуренција со нивните ривали во САД и Јужна Кореја при развојот на 5Г мрежата која ќе овозможи побрз интернет и понапредни паметни телефони. Минатата недела дури три оператори поддржани од државата започнаа да нудат „супербрзи“ 5Г услуги за кинеските клиенти./Makfax