7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Милијардерите станаа посиромашни за првпат во последните 10 години

Најбогатите луѓе на светот минатата година биле малку помалку богати, покажуваат новите економските извештаи. Поточно, различните геополитички превирања и нестабилниот пазар на капиталот предизвикале намалување на богатството на милијардерите за првпат во последните десет години.

Тоа на глобално ниво опаднало за 388 милијарди долари, покажуваат извештаите. Падот на богатството особено го почувствувале кинеските милијардери и Азиско-пацифичкиот Регион.

Иако нето вредноста на најбогатите Кинези опаднала за 12,8%, во Кина сè уште се појавува нов милијардер на секои два до два и пол дена.

На глобално ниво, бројот на милијардери е намален насекаде во светот, освен Америка.

„Овој извештај ја покажува отпорноста на американската економија, каде што имало 749 милијардери на крајот на 2018 година“, рече финансискиот експерт Џон Метјус, презентер на УБС во САД.

„Најверојатно, богатството на милијардерите ќе се зголеми повторно оваа година“, смета Симон Смајлс, главен директор на УБС за инвестицискиот оддел за богатите клиенти./Makfax

Спонзорирано: