Знаејќи дека таксата за уредување на градежно земјиште (народски кажано комуналии) се меѓу главните извори на финансирање на сите единици на локална самоуправа, слободно можам да кажам дека Општината изгуби средства. Сепак, уште на самиот почеток покажавме дека ќе играме бескомпромисно. Се надоврзавме на граѓанските иницијативи пред Уставниот суд, и истите ги поткрепивме со конкретни докази, за пропустите при носењето на деталните урбанистички планови. Ако во опозиција сте биле гласни кога дел од плановите насилно се носеле за време на празници и Нова година, граѓаните очекуваат да преземете акција кога ја имате моќта за делување, вели градоначалникот на општина Карпош, Сефан Богоев во интервју за Ипортал.
Тој додава дека ако се погледне Извештајот од Државниот завод за ревизија ќе погледнете дека криминал има буквално во секоја пора од работењето.
Целосното интервју прочитајте го на Ипортал.