16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против поголема минимална плата

-Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата. Се покажа уште еднаш вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, тие се против поголема минимална плата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа во Собрание, се пријавија како присутни, а потоа ја напуштија пленарната седница на која на дневен ред беа Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите. Тоа е обновата на режимот која опозицијата ја нуди. Тие се против минималната плата, ВМРО ДПМНЕ е против тоа парите да завршуваат назад кај граѓаните, ВМРО-ДППМНЕ се против секоја мерка што е во интерес на граѓаните, изјави на денешната прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

-Додека ВМРО-ДПМНЕ е заробена во груевистичката матрица и е симбол за криминал и расипништво, СДСМ секојдневно носи конкретни мерки за повеќе пари да завршуваат назад во семејните буџети на граѓаните. Со измените на Законот за минимална плата, минималмата плата повторно ја зголемуваме, овој пат на историски највисоки 14.500 денари. Тоа значи дека годишно дополнителни над 60.000 денари ќе завршат кај околу 90.000 работници кои добиваат минимална плата. Со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување ќе се субвенционираат придонесите за оние компании кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 6.000 денари. Јасна е разликата, ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните, нуди обнова на режимот и осиромашување на граѓаните, ние обезедуваме раст на платите и работиме за интерсите на граѓаните, изјави Костадинов.

Спонзорирано: