23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Милиони евра ќе се слеат кај граѓаните, доаѓаат првите пари од повратот на ДДВ: Ќе биде исплатена “плата плус” за семејствата што скенираат фискални

Банкарските сметки на стотици илјади македонски граѓани ќе бидат зајакнати со финансиски средства од проектот МОЈ ДДВ, во период од 1-15 декември 2019 година, кога повеќе милиони евра како поврат од платениот ДДВ ќе се вратат кај обичниот граѓанин.

Мерката мој ДДВ е мерка која што за прв пат враќа пари кај граѓаните, помага во сузбивањето на сивата економија и и помага на Управата за јавни приходи да се справи со сите што сакаат да направат даночно затајување.

Според официјалните податоци досега МОЈ ДДВ има над 175 илјади корисници, а првата исплата ќе биде во декември, кога 3,5 милиони евра ќе се слеат директно во џебот на граѓаните.

Според проектот МОЈ ДДВ секое лице кое што има важечка лична карта и над 15 години, може да скенира фискални сметки преку дадените апликации.

Едно четиричлено семејство ќе може да оствари приход до 28.800 денари на годишно ниво.

Оваа мерка влијае врз економијата, со оглед дека фирмите издаваат за 10 проценти повеќе фискални сметки, а со тоа државата книжи данок плус.