24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Светските пасоши се во неколку бои, а секоја од нив има посебно значење

Во светот постојат пасоши во вкупно четири бои, а зад секоја од нив стои и некое генерално значење кое е заедничко за земјите со таква боја на пасош, пишува Б92.

Црвена

Црвената е најчеста боја за пасоши, а најмногу ја избираат земји кои имаат комунистичко минато или, пак, во нив сè уште функционира ваквото државно уредување. Црвени пасоши имаат Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Кина, Русија, Латвија, Романија, Полска и Грузија. Исто така, црвен е пасошот на речиси сите земји членки на ЕУ, освен Хрватска.

Во земјите кои имаат европски аспирации како Македонија, Турција и Албанија, пасошите исто така се црвени.

Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу се членки на Андската заедница на нации и тие имаат пасоши со темно црвена боја.

Сина

Сината боја го претставува Новиот свет на кој припаѓаат 15 земји од Карибите. Сина боја на пасош користат и земјите членки на трговската унија Меркозур. Од членовите на оваа унија, само Венецуелците сè уште имаат црвени пасоши. Американските државјани користат сини пасоши од 1976 година.

Зелена

Зелени пасоши имаат државјаните на речиси сите земји каде исламот е доминантна религија. Економската заедница на западноафрикански земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал, исто така имаат зелен пасош.

Црна

Само неколку земји во светот имаат пасоши со црна боја. Тоа се африканските земји Боцвана, Замбија, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго и Малави, а покрај нив, црна боја за пасошите користи и Нов Зеланд бидејќи таму црната се смета за национална боја на земјата.