24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Катната гаража „Судска палата“ почнува со работа, саниран е дефектот со струјата

Катната гаража „Судска палата“, која повеќе од еден месец не беше во функција заради дефект со електричното напојување, од денеска повторно започнува со работа.

„Општина Центар и ЈП ПОЦ го санираа дефектот со електричното напојување и се во завршна фаза со санација на кровот на катната гаража. Санирањето на целокупната штета ја чинеше општината околу 1.100.000 денари“, соопштија од општината.

Од таму информираат дека од понеделник сите корисници кои треба да склучат или продолжат договор или да извршат плаќање, треба да одат директно во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катнатата гаража „Судска палата“ или да го сторат тоа електронски на www.poc.mk.