9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во нашата земја

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Албанија, а земјотресот бил почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Потресот бил регистриран во 06 часот и 25 минути со епицентар 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија

Според досегашните податоци земјотресот во Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината бил со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

Можеби ќе ве интересира

Легнаа парите на сметките на оваа категорија граѓани

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски

ДЕСК

Мицкоски: Време е за ресет на системот, судиите мора да судат според законот, а не според партиски влијанија

ДЕСК