Изразувам длабоко жалење што Европскиот совет не успеа да постигне консензус за остварување на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Го сметам тоа за голема грешка, погрешна порака“, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Таа вчера се состана со својот албански колега, Илир Мета.
Китаровиќ на средбата истакна дека двете земји го заслужиле датумот како со реформите на внатрешен план така и со решавањето на билатералните прашања.
„Хрватска во текот на своето претседавање ќе стори сѐ што е во наша моќ за да го аргументираме членството како на Албанија така и на Северна Македонија, односно почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, порача Колинда Грабар-Китаровиќ
Илир Мета порача дека ја цени заложбата на Хрватска, но и на Бугарија и Грција во однос на прашањето за отворање на преговорите со ЕУ./Makfax