9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Непалски планинар освоил 14 од највисоките врвови во светот за седум месец

За само седум месеци, Нирмал Пурџа, 36-годишен Непалец, ги собори сите претходни рекорди во историјата на планинарење и се искачи на сите 14 највисоки врвови во светот, пренесува „Спутник“.

Сите 14 врва се наоѓаат на Хималаите и на Каракорам во Кина, Индија, Непал и во Пакистан. Ова се единствените врвови во светот што се над 8.000 метри надморска височина.

Пурџа се искачил на врвот на планината Шишапангма (8.027 метри), неговиот последен и 14-ти врв во оваа мисија, и го објавил на „Твитер“ своето достигнување. Тој тргнал на својот потфат во април 2019 година и се искачил на Монт Еверест, Кангченџунга, Лотсе Анапурна, Даулагири, Манаслу и на Макалу во Непал пред да тргне на К2 на Каракорам во Пакистан.

Пурџа се искачил на пет од највисоките врвови на Пакистан, вклучително и на Гашербрум 1, Гашербрум 2 и на К2 во втората фаза од својата мисија.

Полскиот алпинист Јержи Кукуцка го комплетира истиот подвиг за седум години, 11 месеци и 14 дена во 1987 година откога италијанската легенда Рејнхолд Меснер стана првиот што ги искачи сите 14 врва во 1986 година.

Јужнокореецот Ким Чанг-хо го комплетира предизвикот еден месец подоцна од Кукуцка.

Познат по изведувањето спасувачки операции на врвовите, Пурџа пролетоска ги спасуваше заробените алпинисти на Монт Еверест и на Анапурна.

Тој се искачи на Анапурна 1 (23 април), Даулагири (12 мај), Канџунга (16 мај), на Монт Еверест и на Лота (23 мај) и на Макалу (25 мај). Искачувањето на тие шест врва во рок од 31 ден беше само по ссебе рекорд.

Потоа продолжи со искачување на Нанга Парбат (6 јули), Гашербрум 1 (15 јули), Гашербрум 2 (18 јули), К2 (24 јули) Броуд Пик (26 јули). Пурџа се врати есенва за да се искачи на Чо Оју (23 септември) и на Манаслу (27 септември).

Пурџа, поранешен командос во специјалните сили Гурка во британската морнарица, отвори веб-страница за финансирање на „Проџект посибл 14/7 – Нимс Даи“.

„Цврсто верувам дека сè во животот е можно само со одмерен пристап и со позитивен ум. Мојата воена кариера е зад мене, ќе се стремам да надминам повеќе граници и ќе им помогнам на другите да напредуваат во животот, да ги остварат своите соништа и да ги надминат моите и нивните ограничувања“, напиша тој на својата веб-страница./Makfax