23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Могерини: Западен Балкан останува посветен на ЕУ

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Ферерика Могерини, изјави синоќа по средбата со претставниците на Западен Балкан дека тие земји остануваат посветени на евроинтеграциите и покрај разочарувањето од одлуката да не им се даде датум на Северна Македонија и на Албанија за почеток на пристапните преговори.

И покрај жалењето за таквата одлука на Европскиот совет, сите се согласија дека европската интеграција останува приоритет за сите земји од Западен Балкан и дека тоа е заеднички интерес на регионот и Европската Унија, се вели во писмената изјава на Могерини.

„Во разговорот беше констатирано што сè постигнавме заедно во изминатите пет години, а се дискутира и за заедничките предизвици што претстојат“, додаде Могерини.

Таа истакна дека партнерите од Западен Балкан ја потврдиле силната посветеност на европската перспектива и реформите, на прво место во корист на нивните граѓани, како и регионалната соработка и добрососедските односи.